Идната година сериозни холандски инвестиции во земјава

Bez autora
Feb 28 2011

Се интензивира бизнис-соработката меѓу Македонија и Холандија. Покрај добрата туристичка соработка наскоро се очекува и зголемување на инвестициите во земјава од страна на Холандија во повеќе сектори и индустриски гранки. Според Симоне Филипини, амбасадорка на Кралството Холандија во земјава, со формирањето на Холандско-македонската стопанска комора ќе се збижат стопанствениците од двете земји и ќе се зацврсти нивната заедничка соработка. Меѓу двете земи има можности за разновидна соработка, а една од нив е и туризмот. На 29 април година се очекуваат првата група на холандски туристи, а потоа два пати неделно од Амстердам ќе пристигнуваат туристи, но и бизнисмени - нагласува Филипини најавувајќи го чинот на формирањето на NL Chamber како официјална Холандско-македонска стопанска комора. Генералното собрание на педесетте членки-основачи на Комората предвидено е да се одржи во јуни годинава.

Идната година сериозни холандски инвестиции во земјаваСе интензивира бизнис-соработката меѓу Македонија и Холандија. Покрај добрата туристичка соработка наскоро се очекува и зголемување на инвестициите во земјава од страна на Холандија во повеќе сектори и индустриски гранки.

Според Симоне Филипини, амбасадорка на Кралството Холандија во земјава, со формирањето на Холандско-македонската стопанска комора ќе се збижат стопанствениците од двете земји и ќе се зацврсти нивната заедничка соработка.

- Меѓу двете земи има можности за разновидна соработка, а една од нив е и туризмот. На 29 април година се очекуваат првата група на холандски туристи, а потоа два пати неделно од Амстердам ќе пристигнуваат туристи, но и бизнисмени - нагласува Филипини најавувајќи го чинот на формирањето на NL Chamber како официјална Холандско-македонска стопанска комора. Генералното собрание на педесетте членки-основачи на Комората предвидено е да се одржи во јуни годинава.

За министерот за економија, Фатмир Бесими, соработката со Холандија не смее да се темели само на туризмот.

- За една година очекуваме од Холандија сериозни инвестиции во земјава, бидејќи се работи за земја која што има развиена економија и соработката ќе биде многу корисна за македонското стопанство - смета Бесими.

Адриан ван дер Флир, ицицијаторот и идниот претседател на Холандско- македонската комора вели дека идејата за нејзиното создавање започнала пред една година.

- Речиси во секоја гранка може да соработуваме, како што е индустријата, ИТ секторот, но и во земјоделието има можности за разновидна соработка. Во Македонија дојдов пред четири години и започнав бизнис, односно формирав фирма за компјутерски игри. Задоволен сум, бидејќи во земјава има солидни програмери, а нашите производи се пласираат во светот - вели Флир.

Тој појасни дека главниот мотив за холандските инвеститори не е евтината работна сила, туку квалитетниот кадар со којашто Македонија, за среќа, располага.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik